Денеска се навршува една година од денот на трагичната сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка, Хрватска, во која загина балканската поп ѕвезда Тоше Проески.
Во неговото родно Крушево, денот ќе почне со помен во црквата Успение на Пресвета Богородица, во чија изградба учествуваше Проески, а потоа ќе биде организирана посета на неговиот вечен дом на Гумење. По желба на неговите родители, освен црковните обреди, не се закажани никакви друго активности.
Тоше си отиде пред една година, не остави засекогаш да тагуваме по него. Ангелот отиде меѓу ангелите. Вечно ќе го паметиме по неговите незаборавни “Чија си“,“Полско цвеќе“, “По тебе“, “Ангел си ти“, “По тебе“, “Зајди зајди “
и многу други.
Изгубивме личност која со својата бескрајна љубов, невиност, искреност, хуманост, која имаше уште многу да даде. А отиде прерано, оставајќи не минус еден во нашите животи.
Негова последна станица е неговото сакано Крушево, кое што беше извор на неговата енергија и љубов.
Велат легендите никогаш не умираат. Тоше почивај во мир.