Маратонот стартуваше од местото од каде што беше донесен Тоше
Во 6 часот и 20 минути, стартуваше маратонот од стадионот во Нова Градишка, од каде што полета хеликоптерот кој го донесе телото на Тоше во Македонија.
Тоше Проески на 16 октомври патуваше кон Загреб за да потпише договор за турнеја со Нина Бадриќ. Тој имаше само 26 години. Толку маратонци, во 6 часот и 20 минути, времето кога тој загина, стартуваа од фудбалскиот стадион во Нова Градишка, од каде што полета хеликоптерот кој го донесе неговото тело во Македонија.
Скоро 1000 километри колку што има од стадионот до Крушево, родниот град на Тоше, 26 македонски спортисти, меѓу кои и Филип Стојановски (9), ќе трчаат четри дена без застанување. Маратонците ги испрати градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.